Прочка

Прилеп ја одбележува Прочка, карневал на дожд и сонце со 500 учесници

17.03.2024 15:34

Околу 500 учесници беа дел од карневалското дефиле во Прилеп. Дождот ја скрати програмата, но не и намерата на маскираните да ги претстават своите креации пред прилепчани. Дефилето го предводеа прилепските мечкари, заштитна маска на карневалот...

Мечкари, бамбурци, аватари, пирати, ткајачи, бизнисмени, политичари и какви ли не маски беа дел од прилепскиот карневал. Дождот им ја скрати програмата на организаторите, но не и намерата на маскираните да ги претстават маските. Дефилето го предводеа прилепските мечкари. Нивната игра ги бркаше злите духови.

Прилеп е членка на меѓународната федерација на карневалски градови и со гордост ја одржува вековната традиција во маскирањето.

Карневалските свечености траеја три дена. Беа изложени преку 400 маски, креации на прилепските ученици, се презентираа обичаите за Прочка, а маскираните ја претставуваа вековната традиција.

 

 

Елизабета Митреска