Анализа

Блеф или понуда за политички профит?

17.03.2024 17:11

Предизборен трик за проектирање увереност во поволни изборни резултати, но и банализирање на политиката – вака аналитичарите ја коментираат понудата од ДУИ, оној кој ќе загуби да се повлече. Фрлената ракавица во прв ред насочена кон здружената албанска опозиција...

Многу дилеми откако ДУИ ја фрли ракавицата, тој што ќе ги изгуби парламентарните избори да се повлече од политиката. Подигнување на влоговите или политички блеф за проектирање увереност во победата пред нивното гласачко тело? Според комуникологот Благојче Атанасовски – ова е само предизборен маркетиншки трик, бидејќи секоја партија самостојно одлучува како ќе постапи по однос на изборните резултати, односно постизборно решава дали ќе даде доверба на актуелното раководство.

Алберт Муслиу смета дека понудата на ДУИ е насочена кон партиите од здружената албанска опозиција зашто со нив ќе ги одмерат силите. Според Муслиу, потпишување изјави на нотар за одговорност по изборите е банализација на политиката.

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати понудата. Според лидерот на СДСМ Ковачевски, политичарите влегле во политика да ги решаваат проблемите на граѓаните, а не да се повлекуваат.

 

 

Игор Панов