Празник

Граѓаните не им простуваат на политичарите

17.03.2024 19:48

Може ли религијата да ги зацврсти столбовите на вистинските вредности во време на разединетост, раскараност и омраза. Православниот христијански празник Прочка, потсетува дека треба да се простува...

Во време кога народот е разединет, раскаран, православниот христијански празник Прочка, го потсетува дека треба да простува. Простувањето е почеток на прочистувањето на духот и телото преку Велигденскиот пост кој почнува утре. Граѓаните со кои поразговаравме велат дека не можат да им простат на политичарите, бидејќи не побарале прошка, а како што велат листата на грешки е долга.

И не само денеска, секој ден треба да се простува. Простувањето да биде искрено, а не лицемерно, вели отец Зоран Копчаревски.

По повод денешниот празник и почетокот на Велигденските пости вечерва во Соборниот храм се одржува литургија на која присуствува и поглаварот на МПЦ – ОА г. г. Стефан.

 

Александра Велинова