Совет на Европа: Македонија успешно се бори против трговијата со луѓе
17.06.2014 12:30
Во извештајот на ГРЕТА се истакнати позитивните случувања како што се воспоставувањето на структурите за координација и специјализирани единици за борба против трговијата со луѓе...

Македонските власти презедоа извесен број на значајни мерки за спречувањето и борбата против трговијата со луѓе, но остануваат уште многу предизвици, се вели во извештајот на ГРЕТА - групата на експерти на Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе, објавен денес.
Во извештајот на ГРЕТА се истакнати позитивните случувања како што се воспоставувањето на структурите за координација и специјализирани единици за борба против трговијата со луѓе, усвојување и редовно ажурирање на релевантното законодавство и националните стратегии, како и воведување на Националниот механизам за упатување.Во извештајот ГРЕТА, исто така ги нагласува напорите за подобрување на превенцијата од трговија со луѓе преку подигање на свеста, образование во училиштата и обука на професионалците.
Сепак, во извештајот се подвлекува дека се потребни дополнителни мерки за да се осигура дека сите жртви на трговија се правилно идентификувани, ова со зајакнување на мултидисциплинарно учество во идентификувањете н атрговијата со луѓе и поголемо внимание на идентификација на жртвите на трговијата со луѓе меѓу илегалните мигранти, баратели на азил и малолетни лица без придружба.
Покрај тоа, ГРЕТА ги повикува властите на државата да ја зајакнуват на превенцијата преку социјални и економски мерки за да ги поттикне припадниците на ранливите групи на трговијата со и да се се обезбеди запишување на сите поединциво регистрите на матичните служби.
ГРЕТА исто така ги повикува македонските власти да се осигураат дека сите мерки за помош што се предвидени со закон се гарантирани во практиката и дека жртвите на трговијата со луѓе можат да добијат надомест, вклучувајќи и воспоставување на јавен фонд за надомест достапен на жртвите на трговијата со луѓе.
Овој извештај е прва проценка од страна на ГРЕТА за начинот на кој во Република Македонија се спроведува Конвенцијата за борба против трговијата со луѓе на Советот на Европа.
Тони Гламчевски
