На полноќ завршува увидот во избирачкиот список
Имаат пет дена од денот на приемот, најдоцна на 26-ти март да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци...

Вечер на полноќ истекува рокот за увид во избирачкиот список. Државната изборна комисија најдоцна за три дена го доставува до политичките партии кои го побарале. Имаат пет дена од денот на приемот, најдоцна на 26-ти март да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.
Листите на кандидатите за претседател до Државната изборна комисија треба да се достават најдоцна утре на полноќ. На гласачкото ливче ќе има 7 претенденти за фотељата на вила „Водно“.
Запишаните во избирачкиот список ќе можат да гласаат на претседателските и на парламентарните избори, и со истечени лични карти и пасоши, не постари од девет месеци. Избирачкото право ќе можат да го остварат и лицата кои до 24-ти април или до 8-ми мај наполниле 18 години.
