Костадиновска-Стојчевска во посета на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно
Старото училиште „Димитар Влахов“, како дел од споменичната целина Љубојно, е во режим на заштита од 2020 година. По неговото автентично обновување, ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и професорот од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов денеска ќе направат увид во проектот за реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно.
Старото училиште „Димитар Влахов“, како дел од споменичната целина Љубојно, е во режим на заштита од 2020 година. По неговото автентично обновување, ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“.
Како што најавија од Министерството, предвидени се и изјави за медиумите.
