Регион

Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина

18.03.2024 09:12

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, ги повика Белград и Приштина без одлагање целосно да го применат договорот за нормализација на односите, кој е обврзувачки за двете страни според меѓународното право...

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, ги повика Белград и Приштина без одлагање целосно да го применат договорот за нормализација на односите, кој е обврзувачки за двете страни според меѓународното право.

Во изјавата по повод годишнината од договорот, постигнат во Охрид на 18-ти март лани, Борел оцени дека Белград и Приштина треба конечно да излезат од маѓепсаниот круг и тензиите.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, за утре во Брисел закажа нова рунда разговори меѓу шефовите на преговарачките делегации на Србија и Косово.