Лавров во Србија: Нема проблеми со изградбата на Јужен тек
Според него биле потврдени сите договори и спогодби неопходни за изградба на овој проект од кој зависи сигурноста во снабдување со руски природен гас на Европа...

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја продолжува дводневната посета на Србија. По средбата со министерот за надворешни работи и прв вицепремиер, Ивица Дачиќ, Лавров изјавил дека нема да има никакви проблеми во изградбата на гасоводот Јужен тек.
Според него биле потврдени сите договори и спогодби неопходни за изградба на овој проект од кој зависи сигурноста во снабдување со руски природен гас на Европа.
„Ние сакаме и во ЕУ и продолжување на добрите односи со Русија. Зошто само за Србија би важело правилото или – или, кога други земји на Унијата имаат најразвиени односи токму со Русија“, нагласил Дачиќ на пресконференцијата после средбата со Лавров.
По средбата со Дачиќ предвидено е Лавров да биде примен и од премиерот Александар Вучиќ и од претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
