ИЗРАЕЛ - ХАМАС

Шолц на средбата со Нетанјаху во Ерусалим

18.03.2024 09:21

Германскиот канцелар Шолц на средбата со израелскиот премиер Нетанјаху во Ерусалим, се согласил дека Хамас мора да биде уништен, но побарал да се води сметка за хуманитарниот аспект и бројот на цивилни жртви...

Германскиот канцелар Шолц на средбата со израелскиот премиер Нетанјаху во Ерусалим, се согласил дека Хамас мора да биде уништен, но побарал да се води сметка за хуманитарниот аспект и бројот на цивилни жртви. Повика на договор за ослободување на заложниците и за подолготраен прекин на огнот.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Либан, Шолц рече дека Хезболах мора да се повлече од границата со Израел и предупреди дека воената ескалација таму ќе има „несогледливи последици“.