Корејски Полуостров
Северна Кореја истрела нови балистички ракети
18.03.2024 11:28
Нови провокации од Северна Кореја. Истрелани балистички ракети по речиси 2 месеци пауза и тоа во време на посетата на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на Јужна Кореја...

Нови провокации од Северна Кореја. Истрелани балистички ракети по речиси 2 месеци пауза и тоа во време на посетата на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на Јужна Кореја.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека биле лансирани три проектили, два во исто време, а следниот половина час подоцна.
Сите паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Јапонија и САД го осудија лансирањето велејќи дека претставува закана и ја поткопува регионалната безбедност.
