Исланд
Вулканот на Рејкјанес слабее
18.03.2024 11:30
Вулканската лава од ерупцијата на Исланд која се закани да го проголта евакуираниот град Гриндавик е стабилизирана и слабее-велат експертите, предвидувајќи дека ерупцијата наскоро ќе згасне...

Вулканската лава од ерупцијата на Исланд која се закани да го проголта евакуираниот град Гриндавик е стабилизирана и слабее-велат експертите, предвидувајќи дека ерупцијата наскоро ќе згасне.
Вулканскиот систем на полуостровот Рејкјанес во југозападниот дел на земјата еруптираше доцна во саботата по четврти пат во последните три месеци.
Силните и брзи текови на лавата стигнаа до источната одбрана на Гриндавик која што успеа да ѝ се спротивстави на вжештената река штитејќи ги домовите на заедницата.
