Седница на српскиот парламент, ќе се избира претседател на Собранието
Продолжува конститутивната седница на српскиот парламент. Треба да се изберат претседател на Собранието, негови потпретседатели и членови на работните тела...

Денес продолжува конститутивната седница на српското Собрание, на која Ана Брнабиќ на предлог на мнозинството пратеници од победничката СНС, но и СПС и другите малцински партии треба да се избере за претседател на Собранието. На седницата ќе се бираат и шест потпретседатели и други тела.
Со конституирањето на Собранието, се отвора можност за формирање на власта во Србија по декемвриските избори, во поглед на давањето на мандатар за состав на новата влада и гласањето за избор на премиер и министерски места во владата.
Исто така, со конституирањето на седницата, се отвора можност за распишување на белградските избори, кои претседателот Александар Вучиќ ги најави за 2-ри јуни.
Опозицијата најави дека ќе ја бојкотира седницата, поради, како што кажаа, изборната кражба на декемвриските избори, како што го бојкотираше и изборот на работните тела и изборот на потпретседатели на Собранието.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
