голема кашлица

Вакцинација и на повозрасната популација против голема кашлица

18.03.2024 13:30

Лекарите апелираат со вакцината против големата кашлица да биде опфатена и повозрасната популација...

Од денеска децата со примени три дози ди-те-пер вакцини можат да одат во градинка, но со услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Лекарите сепак препорачуваат тие да останат дома најмалку две недели по примената трета доза. Апелираат со вакцината против големата кашлица да биде опфатена и повозрасната популација. Кои се препораките на педијатрите, има ли зголемен број заболени возрасни лица со пертусис, во Дневникот известува Андријана Ѓурческа.