Ситуацијата со екстремистите во Ирак е надвор од контрола?!
Водачот на независниот курдски регион предвидува дека земјата неизбежно ќе се подели, додека имамите повикуваат на смирување...

Борбите во Ирак како на шаховска табла. Ирачката војска уби 200 борци на Исламска држава Ирак и Левант во бомбардирањето на Фалуџа, жестоки борби се водат за Бакуба бидејќи ако ја освојат, џихадистите веќе немаат пречки на патот кон Багдад оддалечен 60 километри. Водачот на независниот курдски регион предвидува дека земјата неизбежно ќе се подели, додека имамите повикуваат на смирување.
„Курдите, Арапите и Туркменистанците сметаат дека тероризмот нема врска со верата. Религијата не го поддржува. Барем не нашата, изјави Сунитски имам.
Според експертите, кога САД и Иран размислуваат за соработка, тоа значи дека ситуацијата со екстремистите во Ирак е надвор од контрола.
