Двочасовен протест
Синдикалните организации на Национална пошта денеска ја повикаа Владата да се задолжи за обезбедување финансиски средства за редовна исплата на плата...

„Бараме плата за достоинствен живот“, „Намалување на директорските трошоци и службени возила“, „Платата во Пошта е социјална помош“. Ова беа само дел од слоганите со кои вработените во „Пошта“ одржаа мирен протест пред главната дирекција. Го изразија револтот поради доцнењето на февруарската плата, загрижени се за лошата финансиска ситуација на компанијата.
Вработените се пожалија и на лошата кадровска политика. Велат, 80% од нив се на минималец, а по 15 години поштарите дури сега добиле зимски униформи.
Ако не се чуе нивниот глас, вработените најавија продолжување на протестите и почнување постапка за штрајк.
Од Македонска пошта велат дека со години алармираат за овие проблеми до Владата и до раководството, со барања за итно реформирање и реорганизирање на акционерското друштво, но попусто.
Вработените во Пошта излегоа на протест разочарани.
Во моментов компанијата брои 1.800 вработени и 200 договорни поштари, а синдикатот бара и да се реши статусот на поштарите со договор на дело, кои со години работат без здравствено осигурување.
Борис Грујоски
