Балетска претстава

„Дамата со камелии“ во среда во НОБ

18.03.2024 14:38

На 20-ти март во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната и драматична балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“...

На 20-ти март во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната и драматична балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат нашите балетските првенци: Мими Поп Алексова Атанасовска и Бобан Ковачевски заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

 

Фото: НОБ