Речиси половина година само еден воз на најфреквентната релација Скопје-Битола
Возниот ред во Македонски железници е во статус кво состојба и никој не знае кога ќе се промени со повеќе линии. На најфреквентната линија Битола-Скопје е еден воз речиси половина година. Најевтиниот превоз на граѓаните им е ретко достапен. Граѓаните бараат повеќе линии …

Атилан Адемоски секој викенд со воз патува од Прилеп за Битола каде работи. Мора обврските да ги усогласува со единствениот возен термин. Недостасуваат возовите, но и можноста да се користи најевтиниот превоз.
Речиси половина година е само еден воз на најфреквентната релација Скопје-Битола.
Во 17.10 часот во Прилеп пристигнува единствениот воз од Скопје за Битола. Ако сакате да патувате за Скопје мора да се разбудите во зорите.
Од Македонски железници нема никаква конкретна најава за повеќе возови. Граѓаните разочарани, но и помалку револтирани.
Пет месеци е ваква сликата преку денот на прилепската железничка станица-тивка, пуста и помалку тажна. А ова е 2024 година.
Елизабета Митреска
