Здравство

Здравствениот систем во Македонија не го препознава потенцијалот

18.03.2024 15:00

Кнегиња Рихтер-Соколовска со својот личен пример од пред 30 години јасно кажа како и зошто, Македонија секој ден останува без добри лекари. Три години по дипломирањето заминала во Германија. Таму е директор на приватна клиника во Нинберг, а во Германија е на листата на најдобри лекари...

Кнегиња Рихтер-Соколовска која освен што е лекар, е и професор, во само 13 секунди, со својот личен пример од пред 30 години јасно кажа како и зошто, Македонија секој ден останува без добри лекари. Ја интересирала невропсихијатријата, не можела да се вработи на Клиника, бидејќи како што вели родителите не и биле моќни да фатат врски. Три години по дипломирањето заминала во Германија, таму е директор на приватна клиника во Нинберг, а во Германија е на листата на најдобри лекари.

Професорката оценува како во земјава младите лекари изгубени во системот не можат да почнат со задолжителната практика, нема доволно специјализации, па сами си ги плаќаат и згора на се за својот ангажман добиваат 26.000 месечно.

Лекарското друштво го основаат, не само за размена на знаења и искуства, туку и да си помагаат, да се држат, бидејќи како што вели, нашата соговорничка, на Германија и недостигаат топлината и срдечноста што ги има нашиот народ.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски