САД
Јанева и Јакимовски на „црната листа“ на САД
18.03.2024 17:11
Стејт департмент објави дека на „црната листа“ на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.

Американскиот Стејт департмент објави дека на „црната листа“ на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.
Од таму велат, дека двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции.
Одлуката е да им се забрани влез во САД, покрај на назначените и на семејствата на Јакимовски и на Јанева.
