АБА 2 лига

Кошаркарите на Пелистер со победа над Борац

18.03.2024 19:11

Македонскиот вицешампион по голема драма славеше над директниот ривал Борац Бања Лука со 73-72 и се искачи на осмата позиција со идентичен скор како денешниот ривал (5-6).

Кошаркарите на Пелистер забележаа огромна победа во еден од клучните натпревари во трката за плеј-оф во АБА2 лигата. Македонскиот вицешампион по голема драма славеше над директниот ривал Борац Бања Лука со 73-72 и се искачи на осмата позиција со идентичен скор како денешниот ривал (5-6).

Битолчани денеска славеа против Борац со 73:72. Планиниќ имаше повеќе од солидно издание, па на крајот заврши со „дабл-дабл“ ефект од 21 поен, 15 скока и 5 асистенции. Костоски застана на бројката од 14 поени (4/7 за три поени), а имаше и четири скока. Најт беше трет стрелец со 13 поени. Теодор Симиќ остана на клупа на екипата на Борац и не доби шанса.

По 11 одиграни кола, Пелистер има ефект од пет победи и шест порази.

 

Фото: КК Пелистер