Карлос Алкараз ја одбрани титулата на Мастерсот во Индијан Велс
Шпанецот стана вториот играч кој освоил најмалку пет титули на Мастерсот пред да наполни 21 година ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја одбрани титулата на Мастерсот во Индијан Велс, откако во финалето го совлада Русинот Данил Медведев со 7-6(5), 6-1 по час и 44 минути игра. Шпанецот стана вториот играч кој освоил најмалку пет титули на Мастерсот пред да наполни 21 година (роденденот ќе го прослави на 5-ти мај).
Пред тоа му успеа само на неговиот сонародник Рафаел Надал. Во исто време, тој стана првиот тенисер по осум години што ја одбранил титулата во Индијан Велс, по Новак Ѓоковиќ, на кој тоа му успеа во 2014, 2015, 2016 година.
Тоа е прва титула за Алкараз по минатогодишниот Вимблдон и 13-та од 17-те финалиња кои ги одигра во кариерата.
