Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
19.03.2024 08:05
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени, а максималната ќе достигне и до 14 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
