До полноќ поднесување кандидатури за претседател
Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и Коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари поддржан од Коалицијата на албанската опозиција „Вреди“...

Четворица од седуммина кандидати кои собраа потписи од граѓаните поднеле кандидатури за претседател до Државната изборна комисија. Кандидатура за претседател поднел актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и Коалицијата, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ и Арбен Таравари поддржан од Коалицијата на албанската опозиција „Вреди“.
Кандидатурите за претседател треба да бидат поднесени до денеска на полноќ. Потписи за кандидатура за претседател собраа и Гордана Силјановска Давкова, која е поддржана и со пратенички потписи од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Билјана Ванковска поддржана од Левица и Бујар Османи, поддржан од ДУИ.
Кандидатурите треба да бидат потврдени од членовите на ДИК и тогаш тие и официјално ќе станат претседателски кандидати. Кампањата за претседателските избори ќе започне на 4-ти април.
