дик

Заврши увидот во избирачкиот список

19.03.2024 08:24

За дијаспората увидот во избирачкиот список се продолжува до денеска на полноќ, поради техничките проблеми со интернет страницата на ДИК...

Истече рокот за увид во избирачкиот список за претстојните претседателските и парламентарните избори. За дијаспората увидот во избирачкиот список се продолжува до денеска на полноќ, поради техничките проблеми со интернет страницата на ДИК. Ова следува по пријавата на Обединетата македонска дијаспора дека не можеле да се регистрираат македонските граѓани кои живеат во странство, односно системот покажувал дека регистрацијата е завршена на 11-ти март.

Државната изборна комисија најдоцна за три дена треба да го достави избирачкиот список до политичките партии кои го побарале. Имаат пет дена од денот на приемот, а најдоцна на 26-ти март да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоците.