Бразил во ново соочување со „мексиканскиот комплекс“
Букет од играчи во зелено во победничка радост... 86 илјади гледачи им аплаудираат. Слика од пред две години. Незаборавна за Мексико! Го славеше златниот олимписки медал во Лондон поздравен од 86 000 гледачи. Дел од таа завршна сцена од олимпискиот фудбал на Вембли беа и бразилските фудбалери,но во улогата на губитници! Со два гола Пералта се испречи пред „Кариоките“ во обидот да стигнат до олимпискиот врв,за нив единствениот неосвоен досега!

Денеска, Бразил и Мексико ќе истрчаат на стадионот во Форталеза...Олимпискиот дух ќе е заменет со Мундијалскиот,но предизвикот и важноста на моментот остануваат исти. Бразил и Мексико ја отвораат новата рунда од прелиминарниот натпреварувачки дел.Капитални се бодовите, освоени против Хрватска и Камерун, но големи причини за задоволство нема! Настапот и на Бразил и на Мексико на почетокот од Мундијалот беше неуверлив, исплакнат, далеку од очекуваниот и посакуваниот!
Свесни за денешното искушение пред себе!За тежината на меѓусебното ривалсво ковано низ времето,на Мундијалите, на Олимпијадите, на предизвикувачката Копа Америка...Многу мечеви за паметење имаат зад себе! Ако педесетите фудбалски години беа со бразилски предзнак со победите на светските првенстав во 50-та, 54-та и 62-та година, во поблиското минато во меѓусебните дуели почесто се радуваат Мексиканците.Тие се единствената дружина на светот ,која во 21-от век има позитивен биланс со Бразил! Во изминатите 15 години, во 14-те судири седум пати победувал Мексико, четири пати Бразил!
Домашното поднебје е големиот бразилски адут. Серијата од 38 натпревари без пораз на свој терен е сугестивен податок. Парагвај е последниот среќник, кој во далечната 2002 година победнички го напуштил бразилското тло! Штури се вестите од базата на петкратниот светски шампион. Една од загрижувачките за Сколари е полесната повреда на „незаменливиот“ Хулк!Мигел Ерера, човекот кој храбро застана на чело на мексиканската селекција во најделикатниот момент од мундијалските квалификации, ја фрла ракавицата пред фаворизираниот домаќин. Навестува офанзивен настап, не подлегнувајќи воопшто под притисокот на сеништата од Форталеза.. Лани летото, на ова исто место со головите на Неимар и Жо, Бразил го совлада Мексико со 2:0. Тоа беше првата станица на „Кариоките“од победничкиот пат во Купот на Конфедерации!
Денешната битка на „Кастелао“,во 21 часот по македонско време ќе биде различна, многу потешка!