Брисел

Во Брисел нова рунда преговори Белград – Приштина

19.03.2024 08:36

Се очекува да се разговара и за одлуката на централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарот...

Во Брисел состанок во рамките на дијалог Приштина-Белград. Се очекува да се разговара и за одлуката на централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарот.

Непосредно пред состанокот во Брисел, претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека за косовските власти се прифатливи некои од американските предлози во врска со одлуката да се укине динарот.