Нетанјаху испраќа тим на преговори во Вашингтон
Договорено разговорите да се продолжат во Белатата куќа во Вашингтон. Израел е категоричен дека е решен да ги постигне воените цели, вклучително и елиминација на Хамас...

Развојот на ситуацијата во Појасот Газа и копнената офанзива во Рафах-тема на телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Бајден и израелскиот премиер Нетанјаху. Договорено разговорите да се продолжат во Белата куќа во Вашингтон. Израел е категоричен дека е решен да ги постигне воените цели, вклучително и елиминација на Хамас.
„На Хамас не треба да му се дозволи безбедно засолниште во Рафах или на кое било друго место. Но, голема копнена операција таму би била грешка. Нетанјаху очигледно има свое гледиште за операцијата, но се согласи да испрати тим за дискусија. Нашиот став е дека постојат начини Израел да надвладее во овој конфликт, да ја обезбеди својата долгорочна иднина и да стави крај на заканата од теророт од Газа без операција во Рафа. Тоа е она што ќе го претставиме“, изјави Џејк Саливан, советник за национална безбедност.
Во истовреме, американскиот државен секретар Блинкен изрази надеж за прекин на огнот меѓу двете завојувани страни во енклавата пред неговата посета на Блискиот Исток. Од ООН предупредуваат дека повеќе од милион луѓе се соочени со глад додека борбите продолжуваат.
