Хаити

Нови жртви и насилства на вооружените банди во Хаити

19.03.2024 08:49

Бандите насилно влегувале во куќите додека населението избезумено барало помош од полицијата. Овие населби беа главно недопрени од дивеењето на бандите што почна на 29 февруари.

Најмалку 12 лица загинаа кога вооружените групи во Хаити нападнаа две богати населби во главниот град Порт-о-Пренс. Бандите насилно влегувале во куќите додека населението избезумено барало помош од полицијата. Овие населби беа главно недопрени од дивеењето на бандите што почна на 29 февруари.

Последните напади покажуваат дека насилствата нема да престанат и покрај тоа што премиерот Анри најави негово повлекување по барање на бандите. Првиот чартер-лет со американски државјани веќе ја напушти земјата.