АМСМ

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

19.03.2024 09:08

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Поради случена сообраќајна незгода на патниот правец Прилеп – Битола сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат. Екипите на ЈП Македонијапат се на лице место и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.