Австралија

Циклон на северот на Австралија, 700 луѓе отсечени од остатокот од земјата

19.03.2024 09:10

Околу 700 луѓе останаа отсечени на северот на Австралија, поради силно невреме кое ги прекина врските со остатокот од земјата...

Околу 700 луѓе останаа отсечени на северот на Австралија, поради силно невреме кое ги прекина врските со остатокот од земјата. Малата заедница Борулула беше погодена од циклонот „Меган“ од трета категорија со обилни врнежи и ветер кој достигна 200 километри на час.

Лошите временски услови ја прекинаа спасувачката мисија што треба да продолжи денеска. Метеоролозите соопштија дека бурата слабее но обилните дождови и натаму продолжуваат.