Косово се подготвува да воведе сопствена валута
17.06.2014 13:48
Идејата моментално се разгледува, истакнува извор од косовската Централна банка...

Во Косово размислуваат за воведување сопствeна валута, пренесуваат денеска косовските медиуми.
Идејата моментално се разгледува, истакнува извор од косовската Централна банка, додека експертите во Приштина сметаат дека вовeдувањето на сопствeна валута би придонело за развој на монетарната политика. Тие меѓутоа, предупредуваат дека одржувањето на стабилноста на таквата валута претставува сериозен предизвик.
