Сообраќај

МВР: 152 санкционирани возачи во Скопје

19.03.2024 09:39

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.