Русија
Заробени рудари при уривање на рудник за злато
19.03.2024 11:16
13 луѓе се заробени при уривање на рудник за злато во руската област Амур. Поради инцидентот е прогласена регионална вонредна состојба...

13 луѓе се заробени при уривање на рудник за злато во руската област Амур. Поради инцидентот е прогласена регионална вонредна состојба.
Спасувачите се обидуваат да го расчистат теренот и да ги извадат рударите кои се наоѓаат на длабочина од околу 130 метри.
Истражниот комитет отвори кривичен предмет поради прекршување на безбедносните барања.
