Јавна дебата

Со полиграф до спречување корупција на службениците на граничните премини

19.03.2024 12:41

Втора јавна дебата за утврдување на интегритетот на службениците кои работата на граничните премини. Бизнисот и превозниците со став неказнивоста на корупцијата е голем проблем, мора да се најде начин да се откријат сторителите...

Почеток на запирање на широко проширената корупција во земјава е со подложување на детектор на лаги на вработените во граничната полиција и царината, вели предлагачот, национален координатор за безбедност на границите Александар Пивоваров.

Бизнисмените и превозниците сметаат дека неказнивоста на корупцијата е голем проблем, покрај откривањето на сторителите.

Проверката на полицајците и цариниците на граница ја поддржуваат и од Синдикатот на МВР, оти според нив ќе се зголеми буџетот, а со тоа и платите, па ќе има поголем елан за добро работење.

 

Ирина Гелевска