15 уапсени во Турција под сомнеж дека го прислушувале Ердоган

17.06.2014 13:56

Меѓу уапсените е и поранешен телохранител на Ердоган и полициски службеници.

Во масовната полициска акција што почнала рано изутрина на 12 локации, турската полиција уапсила 15 лица осомничени за прислушување на канцеларијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган и на други  високи функционери.
 
Наредба за претрес и апсења ја издал обвинителот Дуран Четин. Меѓу уапсените е и поранешен телохранител на Ердоган и полициски службеници. 
 
Операциите се вршеле во Анкара и други турски градови. Ердоган и неговата владејачка Партија на правдата и развојот, сметаат дека прислушувањето е „масло“ на влијателниот проповедник, Фетулах Ѓулен.
 
Соња Стојановска