Услуги

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании

19.03.2024 14:49

Комората на геодети реагира за оштетувањето на Агенцијата за катастар на недвижности поради незаконското користење на податоците. Оттаму велат дека се изненадени од ставовите и пласираните дезинформации од страна на менаџментот на Катастарот, со што се нанела штета на угледот и честа на овластените геодети и Трговските друштва за геодетски работи...

Од заедничката соработка зависат услугите кон граѓаните. Не можат едни без други, геодетите и Катастарот ги нарушија односите откако според новиот правилник, институцијата издава и одзема лиценци за приватните геодетски друштва. А според стручниот кадар, ова е директен упад во ингеренциите на Комората. Сега за иста работа лиценци издаваат две различни институции.

Македонската телевизија неколку пати го побара директорот на Катастарот. И покрај нашите повици и писмени барања, нема одговор од институцијата. Комората на геодети вели и тие барале средба, на маса да ги искажат ставовите и да најдат соодветно решение.

Со новиот геодетски тарифник, за имотен лист наместо 153 денари, сега се плаќа 250. За упис на нов стан речиси трипати поскапо. Вртоглави се и цените за запишување хипотека, од 60 до 90.000 денари.

 

Борис Грујоски