Проф. д-р Владимир Поповски е новиот претседател на Стоматолошката комора
17.06.2014 14:10
Претходничка на проф. Поповски му беше проф. д-р Марија Накова од Стоматолошкиот факултет...
Нов претседател на Стоматолошката комора на РМ е проф. д-р Владимир Поповски. Доаѓа од Клиниката за максилофацијална хирургија, а претходно беше заменик министер за здравство.
Претходничка на проф. Поповски му беше проф. д-р Марија Накова од Стоматолошкиот факултет.
За потпретседатели се избрани м-р д-р Марија Андоновска и м-р д-р Сабетим Черкези. Претседател на Собранието на Комората е д-р Круме Чесноски, а на Извршниот одбор е д-р Маријан Денкоски.
Соња Стојановска
