Охрид

Увезени работници во угостителството

19.03.2024 16:47

Индијците кои веќе пристигнаа и работат во хотелските и угостителските објекти во Охрид се велат задоволни од условите. Овде заработуваат двојно повеќе во споредба со нивната земја. 29 годишниот Џетиндер Бенс од Индија, веќе еден месец е вработен во хотел не брегот на Охридското езеро. Вели му се допаѓа земјава, односот на колегите и луѓето ...

29 годишниот Џетиндер Бенс од Индија, веќе еден месец работи во хотел не брегот на Охридското езеро. Вели му се допаѓа земјава, односот на колегите и луѓето. Задоволен е и од платата., овде вели заработува двојно повеќе пари отколку во неговата земја, каде просечната плата е од 200 до 250 евра.

Јазикот не му е проблем, бидејќи на англиски комуницира со сите.

„Веќе еден месец работам во хотел. Луѓето се сите добри. Се е во ред. Македонски не разбирам, но, се разбираме на англиски. Планирам да останам можеби две и пол или три години. После тоа планирам да заминам во Канада“, изјави Џетиндер Бенс работник од Индија.

Во хотелот моментално се 13 колеги од Индија. Поголемиот дел ќе бидат ангажирани во кујна помошници, готвачи, хигиеничари и собарки, но и келнери. Велат заминале илјадници километри од сопствениот дом за да стекнат нови работни и животни искуства, но и подобра плата.

„Убаво е прв пат сум тука и во посета и за работа. Ми се допаѓа, луѓето се пријатни, времето е малку ладно, но, убаво е. Ми се допаѓа да работам овде. Мојата работа овде е платена двојно повеќе во споредба со Индија“, изјави Роки Сенк работник од Индија.

За да се надополни недостигот на кадар, оваа сезона на брегот на Охридското езеро ќе работат стотици увезени работници од Индија, Непал Филипини и Малта.

„Оваа година дефинитивно проблемот е алармантен со сезонската работна сила. Така да сите сме во потрага со работници комуницираме со Агенциите кои увезуваат работна сила од надвор Непал, Филипини Индија така да работните позиции ќе бидат собарки, помошници во кујна и услужен персонал келнери. Англискиот јазик го познаваат барем така тврдат агенциите така да дали ова ќе биде решението на проблемот кој го имаме останува да видиме“, рече Тоше Чочороски - хотелиер.

Домашните работници масовно заминуваат на сезонска работа во странство. Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, само во првите два месеци од годинава во Хрватска се издадени (8.088) дозволи за престој и работа во секторот туризам и угостителство.

 

Соња Рилковска