„Топол културен бран“ со богата програма низ повеќе градови
Македонските граѓани и гости од регионот ќе можат да проследат повеќе од 160 настани, а програмата ќе се реализира во два циклуси, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август...

Богати содржини, квалитетна културна програма. „Топол културен бран“ по 7- ми пат низ повеќе градови од Mакедoнија. Ќе се реализираат и манифестации во градовите кои имаат големи туристички потенцијали.
Македонските граѓани и гости од регионот ќе можат да проследат повеќе од 160 настани, а програмата ќе се реализира во два циклуси, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август.
„Топлиот културен бран“ несомнено ја постигна својата цел, дисперзирање на културните содржини. Создаде еден силен културен импулс кој ги допре и областите на неформалната едукација и презентација на културните вредности кои ги поседуваме како држава“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Годинава „Топол културен бран“ ќе има во општините Вевчани, Валандово, Велес, Градско, Кавадарци, Ресен, Маврово-Ростуше, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Крива Паланка, Кривогаштани, Могила, Неготино, Кочани, Дојран, Гевгелија, Демир Капија, Македонска Каменица, Кратово, Делчево, Охрид, Берово, Кичево и Богданци.
