Влада

Одлука на Владата за намалување на коефициентите на платите на функционерите

19.03.2024 22:48

На денешната владина седница се донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

Откако беше донесен Законот со кој се намалија коефициентите за пресметување на платите на сите именувани и избрани функционери од Собранието, на денешната владина седница се донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.

Станува збор за усогласување на коефициентите на именуваните лица од страна на Владата согласно Законот за изменување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица којшто предвидува промена на коефициентите по коишто се пресметува платата на избраните и именуваните лица. Со овој Закон се намали процентот на покачување на платите кое се случи овој месец, согласно растот на просечната плата. Функционерите претходно, по одлука на Уставен суд добија покачување на платите од 78%.