Временска прогноза
Наутро студено, преку денот сончево
20.03.2024 08:11
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Утрото студено, преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната ќе достигне и до 16
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
