мвр
172 санкционирани возачи во Скопје
20.03.2024 08:22
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои 14 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
