Субвенции за пчеларство
Пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни семејства имаа право на државна финансиска помош. Услов е пчелите да бидат чувани до 30-сети ноември годинава, а висината на субвенцијата изнесува по 600 денари за една кошница. За поголемите производители субвенцијата е 800 денари …

Пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни сандаци ќе можат да добијат субвенции од по 600 денари за едно пчелно семејство. За земјоделските стопанства кои поседуваат над 50 регистрирани презимени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари. Тие треба да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или да имаат предадено мед во одобрен објект. Услов е задолжително одржување на овој број до 30 ноември 2024 година.
За одгледување на пчелни матици се предвидени 2.000 денари по кошница.
Пчеларите ќе имаат право и на субвенционирање на лабораториските анализи на физички и хемиски својства на медот.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се запишани во Регистарот на одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 10 презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања изнесува 50 проценти од трошоците за лабораториска анализа направена еднаш во 2024 та.
Регистрирани одгледувалишта во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, имаат право на зголемена субвенција од 15 проценти.
Методија Трајков
