Македонското слатко автентично ќе се брендира
Во фокусот на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ - „Браво сине!“ годинава ќе бидат производителите на македонското слатко, како автентичен домашен производ. Во проектот ќе бидат вклучени компаниите преработувачи на овошје и дизјанери до 28-годишна возраст.

„Македонија е земја на креативни и топли луѓе, млади кадри кои можат да ја изразат својата внатрешна идеја преку слика, земја на прекрасни производи на кои им недостига додадена вредност која, пак, може да се постигне со соодветно брендирање преку кое ќе станат препознатливи на домашниот пазар“, изјави Ангелка Пеева- Лауренчиќ од Движењето „Браво сине!“.
Целта на иницијативата, која се реализира во соработка со Skopje design week и Македонската асоцијација на преработувачи, е да се поттикне креативниот потенцијал кај младите луѓе, но и создавање бренд како потврда за квалитетот на производот и негова препознатливост на пазарот.