Интензивни борби и поддршка за Киев
Путин ја обвини Украина и нејзините западни поддржувачи дека користат терористички методи во нејзините напади врз руските погранични области...

Германија најави нова помош од 500 милиони евра за Киев. Зеленски им се заблагодари на сојузниците за новите одбранбени пакети.
„Ќе има нови одбранбени пакети, вклучително и оскудна артилерија. Нови држави се приклучуваат на чешката иницијатива за купување муниција – ви благодарам на сите“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Изминатите денови се водат жестоки борби. Путин ја обвини Украина и нејзините западни поддржувачи дека користат терористички методи во нејзините напади врз руските погранични области.
„Неонацистичкиот режим во Киев, повторно со поддршка на Западот, и често по нивни директни инструкции, премина на терористички методи. Се гранатираат мирни градови. Провокативни изјави на голем број западни структури. Сето ова наликува на директна уцена и намера да се заплаши и дестабилизира нашето општество“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
