САД

Замрзнат новиот закон за имиграција на Тексас

20.03.2024 09:03

Администрацијата на претседателот Бајден законот го нарече неуставен...

Апелациониот суд го замрзна новиот закон за имиграција на Тексас што значи дека локалната и државната полиција ќе може да апси и гони осомничени за илегално преминување на мексиканската граница. Администрацијата на претседателот Бајден законот го нарече неуставен. Одлуката беше донесена ден откако беше блокирана на исто ниво поради жалби. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, ги пофали наредбата и законот.

„Тоа е вистинската политика за државата Тексас. Мораме да имаме сигурна граница. Овој закон ќе го реши тоа“, изјави Дејд Фелан, републикански член на претставничкиот дом на Тексас.

Мексико одби да прифати какви било мигранти депортирани според новиот закон. Казните за оние кои илегално ќе влезат во тексас откако ќе бидат депортирани може да бидат до 20 години затвор. Законот сб-4 беше потпишан во декември и првично требаше да стапи на сила на 5 март.