Бугарија оди на предвремени избори
Владејачката коалиција во петокот го преживеа петото гласање на доверба во бугарскиот парламент. И покрај тоа, се очекува таа наскоро да си поднесе оставка...

Бугарските партии се договорија да се организираат предвремени парламентарни избори во периодот меѓу 28 септември и 12 октомври годинава, објави претседателот Росен Плевнелиев.
Владејачката коалиција во петокот го преживеа петото гласање на доверба во бугарскиот парламент. И покрај тоа, се очекува таа наскоро да си поднесе оставка, откако резултатите на изборите во мај за Европскиот парламент покажаа дека владејачките социјалисти немаат поддршка меѓу народот. Сега се очекува премиерот Пламен Орешански да поднесе оставка. Тој дојде на власт по изборите во мај 2013 и откако направи коалиција меѓу Социјалистичката партија и Движењето за права и слободи на етничките Турци.
Одлуката за одржување на предвремените избори беше донесена по четири часа разговори. Согласност за неа дадоа сите главни политички партии во Бугарија. Точниот ден на одржување на предвремените избори ќе биде договорен во следните денови, по што Плевнелиев ќе го распушти парламентот.
Аналитичарите очекуваат дека централно-десничарската опозициска партија ГЕРБ ќе победи на предвремените избори, но сепак на крајот ќе се помачи да состави стабилна владина коалиција.
