САД
Преговорите Белград-Приштина итно да продолжат
20.03.2024 09:37
Вашингтон изрази загриженост поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повика на деескалација на тензиите...

Стејт департментот бара итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот. Вашингтон изрази загриженост поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повика на деескалација на тензиите.
Специјалниот пратеник на ЕУ, Лајчак соопшти дека разговорите во Брисел ќе бидат продолжени идната недела. Ги повика лидерите на двете страни да се позанимаваат со договорот.
Белград и Приштина до петок ќе достават предлози за решавање на проблемот со динарот.
