Финците најсреќни, Авганистанците најнесреќни, Македонците на 84-то место
Денеска се одбележува Светскиот ден на среќата. Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот, освојувајќи ја титулата седма година по ред, покажува извештајот на обединетите нации...

Денеска се одбележува Светскиот ден на среќата. Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот, освојувајќи ја титулата седма година по ред, покажува извештајот на обединетите нации.
Македонија е на 84-то место, но младите под 30 години во земјава се малку посреќни и се наоѓаат на 67-то место.
Од земјите од регионот, Словенија е на 21-то, Косово е на 29-то, Србија е на 37-то место, а Хрватска е на 63-то. Најголем пад е забележан во Авганистан, Либан и Јордан. Авганистан, кој е зафатен од хуманитарна катастрофа откако Талибанците се вратија на власт е на последното место од 143 земји.
