ДИК
Проверка на претседателските кандидати
20.03.2024 13:10
Официјално истече рокот за доставување на кандидатурите за претседател, Државната изборна комисија денеска треба да почне со проверка на кандидатите.

Откако и официјално истече рокот за доставување на кандидатурите за претседател, Државната изборна комисија денеска треба да почне со проверка на кандидатите. Вкупно 2 илјади 954 наши иселеници се пријавиле за гласање во странство на претстојните избори. Извесно е дека во дијаспората ќе се организира гласање само за претседателските избори. Нема доволен број пријавени за парламентарните. Известува Ирина Гелевска.
